Се запалиле бараки во кампот за бездомници во Чичино село


Во неделата пред полноќ, поточно во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кампот за бездомници во Чичино село настанал пожар, во кој биле опожарени
три бараки кои биле вон употреба.

Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид се врши денеска.