Се запали магацински простор на „Комуна“ во Скопје – црн чад над главниот град


Утрово скопјани се разбудија со црн чад над главниот град, откако околу 4.55 часот била добиена пријава за настанат пожар кај старата фабрика „Комуна“.

Од скопската пожарна истакнаа дека станува збор за магацински простор во кој била запалена поголема количина на пластичен отпаден материјал.

Според командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари, а пожарот за брзо е ставен под контрола.

На терен е дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.