Се заклучува Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора


 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19, а на предлог на Институтот за јавноз дравје, усвои денеска нови мерки.

СПоред нив, повеќе градови во Црна Гора ќе се затоврат, меѓу кои и Подгорица, Цетиње и Херцег Нови.

Министерството за здравство соопшти дека мерките стапуваат на сила на 2 март, а покрај мерките кои продолжуваат да важат во општините Будва и Тиват, се забранува излез на граѓаните од Подгорица, Цетиње, Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ и Плужане, пренесе „Вијести“.

Од мерките се изземаат граѓани кои градовите ги напуштаат поради работа, а треба да имаат потврда од работодавецот, оние кои одат на лекување со медицинска документација или негуваат некого кој е болен, или не може сам за себе да се грижи.

Изземени се и студентите кои патуваат со факултетот, а потребна име потврда, или уредно пополнет индекс.

Забранета е работата на угостителските објекти во Подгорица, Цетиње и Никшиќ, Херцег Нови, Котор, Улцињ и Плужине.

Оваа мерка стапува на сила утре, 1 март и ќе трае до 10 март.