Се заканувал со убиства и бомби во средно училиште – уапсен тинејџер од Тетовско
Неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, вчеравечер пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с. Палатица, Тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49).
При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
М.Р. уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.