Сè за ковид сертификат – маж ставил лажна силиконска рака за да ја избегне вакцината


Италијанец кој сакал потврда за вакцинација против коронавирус без да биде вакциниран, се појавил на термин за вакцинација со лажна рака, соопштија официјални лица.

Човекот, во неговите 50-ти, се појавил на вакцинација со силиконски калап што му ја покривал десната рака, надевајќи се дека тоа ќе помине незабележано.
Но, сестрата не била измамена и мажот бил пријавен во полиција во Биела, северозападна Италија.

Медицинската сестра за локалните медиуми изјавила дека ја видела неговата кожа „гумена и студена“, а пигментот „премногу светол“ кога му го подигнала ракавот.
„Ми беше жал за него, мислев дека има протеза и некако го натерав да ми ја покаже раката. Но, потоа ми призна дека намерно носел лажна рака за да не се вакцинира“, сестра Филипа Буа. изјави за Си-Ен-Ен. Таа истакна дека прво била шокирана, а потоа се налутила. „Тој не покажа почит кон нашата интелигенција и професија“, рече таа.

Кога бил откриен, мажот се обидел да ја убеди сестрата „да замижи со едното око“, објави La Repubblica. Но, наместо тоа, таа го пријавила во полиција за измама.

Наводно, станува збор за човек кој бил суспендиран од работното место како здравствен работник бидејќи не бил вакциниран. Вакцината е задолжителна за сите здравствени работници во Италија.