Сè уште нема договор за снабдување на гас за Македонија


Договорот кој што македонскиот снабдувач треба да го склучи со операторот за испорака на гас во нашата земја и за цената на овој енергенс, се уште не склучен, изјави денеска на прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

„Владата не склучува договор со ниту еден оператор за испорака на гас или за електрична енергија. Во тој дел има компании кои што снабдуваат со гас. Ние ги следиме состојбите на тој пазар кој што е либерализиран, ќе видиме со која цена снабдувачот на гас во нашата земја ќе обезбеди соодветно количество на гас. Преговорите се уште не се завршени и најверојатно денес или утре ќе се знае по која цена е обезбедена количината на гас потребна за нашата држава во наредниот период“, рече Битиќи.