Се урнаа згради во Рио де Женеиро, двајца загинати – 15 исчезнати


Две згради се урнаа во западниот дел на Рио де Женеиро во Бразил, по неколку дена обилни врнежи од дожд и поплави во кои настрадаа десет лица.
Спасувачките екипи соопштија дека нема точна бројка на повредени, пренесе АП, додека Дејли мејл наведува дека двајца загинале, а исчезнати се водат 15 лица.
Портпаролот на противпожарната служба за АП вели дека најдени се две тела во областа која е оградена и која се пребарува.
На бразилската телевизија Глобо се прикажани мештани кои во урнатините бараат преживеани.