Се урна воен авион Ф-16, повеќемина повредени


САД – Воен авион Ф-16 синоќа се урна во магацин во Калифорнија, а повеќе луѓе завршија во болницата, бидејќи беа погодени од делови на леталото.


Пилотот скокнал навреме и се спуштил со падобран
 и тој е пренесен во болница, јавуваат американски медиуми.

Се испитува причината за падот на воениот авион. На магацинот остана огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.