Се урна руски воен транспортен авион (видео)


 

Воено-транспортен авион „Ил-76“ се урна северно од Москва, пишува телеграмскиот канал „112“. Авионот не стигнал до аеродромот Северни и се урнал во шума. Според првичните информации, на теренот нема жртви или разурнувања. Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот.

Според каналот „База“, авионот извршувал тренинг лет, при што моторот му се запалил и паднал. Се обидел да слета, но не можел. Како резултат на тоа, „Ил-76“ се урна на територијата на гробишта, недалеку од аеродромот. 

Руското Министерство за одбрана го потврди падот на авионот „Ил-76“. Според одделот, причина за катастрофата е пожарот на еден од моторите при полетување. Во авионот имало 15 лица: 8 членови на екипажот и 7 патници. Изворот на „112“ тврди дека сите тие починале. Авионот е половина уништен и продолжува да гори.