(Фото) Се урна хеликоптер на МВР


Фото: Независен.мк

На скопскиот аеродром денес дошло до несреќа во која се урна полициски хеликоптер, дознава Независен.мк.

Како што се гледа од ексклузивната фотографија, на местото на несреќата интервенирало противпожарно возило кое спречува избувнување пожар од превртениот хеликоптер.

Фото: Независен.мк

Неофицијално, во несреќата бил полесно повреден еден член на екипажот на хеликоптерот.

Несреќата се случила околу 11 часот, кога, неофицијално хеликоптерот се превртил по слетувањето, во време кога екипажот биле во кабината.
Увид вршат припадници на полицијата, а од МВР наскоро најавија официјално соопштение.