Се урна хеликоптер на германските оружани сили


Хеликоптер на оружените сили на Германија се урна во северните делови на земјата, при што загина најмалку едно лице.

Припадници на противпожарната служба и Итната помош се на местото на несреќата, откако избувнаа неколку пожари по уривањето на хеликоптерот. Леталото се урна на околу 30 километри од центарот за обука за хеликоптери на Бундесверот.

Германските вооружените сили се соочуваат со критики поради застарен хардвер и се почесто се слушаат повици за поголемо финансирање за модернизација на опремата. Некои политичари дури повикаа на прекин на воените вежби во земјата.