Се урна балкон од зграда во Неапол, при што загинаа две лица


Две лица загинаа, а 13 лица, меѓу кои седум деца, се повредени при уривање на балкон во Неапол.

Уривањето се случило во населбата Вела Селесте во областа Скампија, меѓу вториот и третиот кат од зградата, синоќа по 23 часот, јавува италијанската агенција Анса.

На местото на настанот излегле пожарникарите, брзата помош и полицијата.