Се урна авион во Конго, меѓу патниците и членови на кабинетот на претседателот
Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога се урна товарен авион на истокот на Конго. Во авионот биле и некои од членовите на кабинетот на претседателот на Конго Феликс Чисекеди.
– Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени, изјави советникот на претседателот Видије Чиманга.
Во авионот бил возачот на претседателот на Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници.
Авионот полетал кон главниот град Киншаса и исчезнал од радарите вчера попладне, по локално време, еден час по полетувањето.
Тој се урна во шумска област на истокот на земјата, а причината за несреќата сè уште не е позната.