Се урна авион со кој се откри полот на бебе, пилотот загина


Забава која млада брачна двојка ја организираше во Мексико за да го открие полот на бебето заврши катастрофално.

Двојката најмила мал авион „цесна“ кој требало да прелета, да испушти сина или розова пудра и на тој начин да им открие на гостите дали се работи за момче или девојче.

Толпата го чекала авионот покрај знакот „О бејби“ обрабен со балони, а кога дошол испуштил розова пудра.

Но, следуваше катастрофа која, како што изгледа, никој од присутните не ја забележа. Наводно, пилотот се обидел да го подигне авионот за да ги избегне палмите на крајот од градината каде се одржувала забавата, кога левото крило попуштило, поради што тој се урнал.

Пилотот малку подоцна бил пронајден во урнатините и бил пренесен во болница, каде за жал починал.