Се урна авион кој полетал од Сплит, во кој имало четворица патници


Денеска во 11:25 часот од радарот на хрватските служби за воздухопловна навигација во поширокото подрачје на Слуњ исчезна авион „цесна 182“. Авионот летал од правец на Сплит кон Германија, јавија хрватските медиуми.

Веднаш по пријавата, во претресот на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.

Како што пренесува Индекс.хр спортски авион со четири патници денеска се урна северно од Раковица. 

Cessna 182 Skylane е лесен едномоторен авион со четири седишта. Се произведува во голем број варијанти, вклучувајќи ја и верзијата со опрема за слетување со повлекување, и е вториот најпопуларен модел на Cessna што сè уште се произведува по 172.

Cessna 182 е направен од метал, главно алуминиумска легура, иако некои делови се направени од фиберглас или термопластичен материјал, пишуваат медиумите во Хрватска.