Се уриваат терасите на „Република“, „Деус“, „Џус бар“, „Кала“


Фото: Независен весник

Денеска продолжува акцијата на Општина Центар за уривање на дивите тераси на кафулињата.

Во тек се активности за отстранување на терасите на улицата „Ленинова“, а се уриваат терасите на „Република“, „Деус“, „Џус бар“, „Кала“, „Правда“, „45“, „Сушико’.

Дел од сопствениците на кафулињата вчера најавија дека сами ќе ги урнат терасите.

Кај некои уривања на терен повторно излезена е и полицијата заедно со работниците.

-Се што е нелегално ќе биде отстрането, велат од Општината.