Се укинува утринската емисија на Телма


Четворицата водители на Утринската програма на телевизија „Телма“, денеска на Фејсбук страницата соопштија дека емисијата од септември нема да продолжи да се емитува.

Тие не ја соопштија причината за прекинување на емисијата, но се заблагодарија на сите гледачи, соработници и учесници. Наздравија со сите, посакаа да останат среќни, а со нив да се гледаат во друга форма, без разлика дали телевизиска или поинаква.