Се сврши поранешната министерка Нина Ангеловска, избраникот е доктор


Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, се сврши со својот избраник д-р Виктор Станков, син на д-р Оливер Станков, професор на Клиниката за урологија.

Ангеловска стана министер за финансии во 2019 година и e една од најмладите македонски министри. Претходно, ја знаевме како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Пред да заплива во политичките води се најде на листата на „Форбс“ со триесет најдобри претприемачи на ниво на Европа.

Блиските ја опишуваат како голем поборник на спортскиот живот и често трча маратони.

Ангеловска, фотографијата од убавиот момент, ја објави на инстаграм-приказна на својот профил.