Се сврши оскаровката Ема Стоун


САД- Холивудската ѕвезда Ема Стоун (31) потврди дека се свршила со своето момче Дејв Меккери, кој е сценарист и режисер во популарното ТВ-шоу „Сабота вечер во живо“. Тие објавија заедничка фотографија на Инстаграм, на која 31-годишната Стоун го истакнува свршеничкиот прстен и на која изгледаат премногу среќно.

Двојката  се запознала во 2016 година на сет. Ема пред Дејв беше во врска со ѕвездата од Спајдермен, Ендру Гарфилд, но прекинаа во 2015 година.

Врската со Дејв актерката ја држи подалеку од очите на јавноста па не е чудно што многумина се изненадија кога ја видоа објавата за свршувачката.