Се сврши Иман, најстарата ќерка на кралицата Ранија од Јордан


Јордан– Посакувајќи нејзиниот живот да биде исполнет со љубов и среќа, јорданската кралица Ранија ја објави свршувачката на нејзината најстара ќерка, дваесет и петгодишната Иман бинт Абдула Втори. и инвестицискиот банкар Џамил Александар Термиотис од Венецуела.

„Честитки најдрага Иман. Твојата насмевка отсекогаш беше дар на љубов што ја чувам од денот кога си родена. Ти посакувам тебе и Џамил живот исполнет со љубов и смеа“, напиша таа.

Принцезата е второ од четирите деца на јорданскиот крал Абдула Втори бин ал Хусеин, но првата што ја напушти палатата во Аман и започна самостоен живот со избраникот роден во Венецуела, кој по студиите во Америка се специјализираше за инвестиции во ризични фондови. Не е познато каде се запознале, но судејќи по срдечните честитки на најубавата кралица на светот, идниот зет ги освоил родителите на Иман, како и нејзините двајца браќа и сестри: престолонаследникот Хусеин (28), принцезата Салма (21) и принцот Хашем (17).