Се судрија две бротчиња во Хрватска, загина Германка


Во судар на две бротчиња кај ртот Камењак покрај Пемантура, загина 44-годишна германска државјанка, соопшти Полициската истарска управа.

Пловилата се судриле околу 11.20 часот.

Еднотопловило во кое имало шест луѓе потонало и притоа загинала 44-годишната Германка.

Постара жена пренесена е во пулската болница.

Двете бротчиња кои учествувале во несреќата се во сопственост на германски државјани.

Увидот уште е во тек, а причините за смртта на жената ќе бидат познати по неговото завршување.