Се судрија два авиони, сите патници загинаа


 

САД- Четири лица загинаа во судир на два авиони во воздух на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас, јави агенцијата АП, повикувајќи се на американските служби за итни случаи.

 

Според агенцијата, четири лица биле во двeтe лесни летала и сите загинале.

Прелиминарната истрага укажува дека авионот „Пајпер ПА-46“ требало да слета кога се судрил со авионот „Цесна 172“. „Пајпер“ се урна во близина на пистата, а „Цесна 172“ се урна во вештачко езеро, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Идентитетот на жртвите се уште не е соопштен, ниту пак причината за несреќата, пренесуваат агенциите.