Се степале две девојчиња во САД, па едното убило 11-годишно момче


 

Девојче на возраст од 14 години обвинето е дека застрелала и убила 11-годишно момче откако пукала во друг.

Полициската управа од Далас соопшти дека пукањето се случило во станбен комплекс, вчера во 14 часот по локално време.

Две девојчиња се степале на паркингот, а едното зело „пиштол и пукало во насока на другото девојче со кое се тепало“. Но, куршумот погодил случаен минувач, момче на возраст од 11 години. Тој е пренесен во болница, каде починал, пишува Еј-би-си.

Осомничена дека побегнала од местото на трагедијата

Осомничената 14-годишна девојка, на која уште не ѝ е утврден идентитетот, наводно побегнала од местото на настанот и подоцна е пронајдена во друга населба. Во моментот се наоѓа во Центарот за малолетничко правосудство. Од полицијата велат дека пронајден е пиштолот со кој е пукано.