Се сончам и гледам во зајдисонце: Милијардерот Гефен се самоизолира на јахта на Карибите


САД– Милијардерот и моќен човек во шоу-бизнисот Дејвид Гефен оваа недела е на жешко место само за богаташи. Се самоизолира од коронавирусот  на неговата јахта од 590 милиони американски долари Rising Sun, закотвена на Карибите, објави Гардијан. За лусузот и масажата се пофали на Инстаграм.

„Зајдисонце минатата ноќ. Изолирани на Гренадините го избегнуваме вирусот. Се надевам дека сите сте безбедни“.

Реакцијата на Твитер беше брза, со тоа што луѓето го нарекоа неговиот пост „срамен“ и без чувство, објави Кејти Ворен од „Бизнис инсајдер“. Тој изгледа дека оттогаш го деактивирал својот Инстаграм.

Тоа е истата јахта кога извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, беше забележан на Балеарите, Шпанија, минатото лето. На фотографијата објавена на Инстаграм на Гефен, Безос беше виден заедно со својата девојка Лорен Санчез, супермоделот Карли Клос и поранешниот извршен директор на Голдман Сакс, Лојд Бланкфеин.

Но, Безос и екипажот не се првите што крстарат на морето со Гефен, кој изгледа дека сака да биде домаќин на познати личности, музичари и актери. Леонардо Ди Каприо, Бредли Купер, Опра Винфри и Барак и Мишел Обама, исто така, претходно беа гости на суперјахтата на Гефен.

Гефен, основач на DreamWorks, SKG, Asylum Records, Geffen Records и DGS Records, според „Форбс“, тежи околу 7,8 милијарди долари.

Неговата мегајахта од 454 метри беше првично изградена за основачот на Оракл, Лери Елисон. Гефен купи половина дел во 2007 година, а другата половина во 2010 година, во вкупен износ од 590 милиони долари

Јахтата ја конструираше германскиот бродоградител Лурсен.

На јахтата може да се сместат 18 гости и персонал од 55 лица. Дури има и кошаркарски терен.

Rising Sun сепак не е најскапата јахта во светот. Оваа титула му припаѓа на на јахтата Eclipse на рускиот милијардер Роман Абрамович, за кој се проценува дека вреди некаде од 600 милиони до 1,5 милијарди долари.