Се снима серија за првите дами: Вајола Дејвис ќе биде Мишел Обама

САД– Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра Мишел Обама во новата серија „Првите дами“.

Телевизиската мрежа „Шоутајм“ најави проектот има за цел да се осврне на приватниот и политичкиот живот на некои од нajтаинствените херои.

Првата сезона ќе го стави фокусот на Еленор Рузвелт, Бети Форд и Мишел Обама.

Кој ќе ги глуми останатите две дами за сега не е познато.

Автор на серијата е Арон Клуни, кој се потпишува и како извршен продуцент.