Се скинал кабел од бандера и запалил куќа во Визбегово


Илустрација

Кабел од бандера се скинал и паднал врз покрив од куќа во скопското село Визбегово.
Кабелот предизвикал пожар во кој биле опожарени кровната конструкција и вториот кат од куќата.

Случајот во полиција го пријавил сопственикот. Повредени лица нема, а скопските пожарникари успеале да го изгаснат огнот.