Се решава проблемот со водоснабдувањето на Раштак


Денесказавршија градежните работи во Раштак со кои се решава водоснабдувањето, односно направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода.
 
Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри. Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри. Дополнително по скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица, јавија од Општина Гази Баба.
 
Изведувач на градежните работи е ЈКП Гази Баба.
 
– Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи. Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци – рече градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.