Се реновира училиштето „Гоце Делчев“ од Горно Лисиче
Основното училиште „Гоце Делчев“ од Горно Лисиче подготвено го очекува почетокот на новата учебна година.
Деновиве во централното училиште се поставуваат висоококвалитетни гранитни плочки на горниот кат, а во подрачното училиште во Долно Лисиче се врши замена на вратите. Исто така, пред влезот на училиштето се поставуваат и бекатон-плочки.
Со цел осовременување на наставата во училиштата и градинките, Општина Аеродром обезбеди интерактивни смарт-табли, прожектори и печатачи за училиштето за олеснување на образовниот процес.
Неодамна е поставена и нова подлога на спортското игралиште, а е реконструирано и детското игралиште во рамките на училиштето. Заедно со учениците, дворот на училиштето е разубавен со засадени 700 садници.