Се реконструираат јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43.

„Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните“, истакна Митески во објавата на Фејсбук.

Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 метри квадратни простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите, додава тој.

Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари.

„Упатувам искрена благодарност до Владата за поддршката во реализацијата на овој и на многу други значајни проекти коишто придонесуваат за подобар квалитет на животот на граѓаните“, порача градоначалникот