Се разведе Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе


САД-  Пејачката Соланж Ноулс (33) објави на Инстаграм дека на нејзиниот брак му дојде крај. Призна дека се развела од супругот Алан Фергусон по пет години брак ама не ги наведе причините.

Ова е втор брак за Соланж. Од бракот со Даниел Смит има син Јулез (15).