Се распадна системот за вакцинација во Хрватска
Платформата „Cijepise“ (Вакцинирај се), на која граѓаните на Хрватска се пријавуваа за вакцинирање, доживеа потполн колапс.
Платформата воопшто не се користи во жупаниите, а како што за Индекс потврди Звонимир Шостар, шеф на Наставниот завод „д-р Андрија Штампар“, вакцинирањето преку оваа платформа прекинато е и во Загреб.
„Точно е, се вакцинираат исклучуво оние кои се пријавиле преку своите матични лекари. Преку платформата воопшто не вакцинираме“, вели Шостар.
Ги појасни и причините за таквата одлука.
„Кога имавме состанок во информатичарите, ги прашавме дали некаде работи платформата, во која и да е жупанија. Одговорот беше дека не работи. Тогаш се одлучивме за моделот домовите за здравје да вакцинираат, а ние да бидеме координатори и логистика. Закажуваат матичните лекари, а тоа оди преку Цезих. Тие повици се упсешни и извонредно функционира, а одзивот е голем“, вели Шостар.
Тој додава дека во иднина не планираат да вакцинираат преку платформата
„Продолжуваме како досега, преку лекарите од семејна медицина. Нема да одиме преку Cijepise и понатаму“, додава тој.
Предупреди на еден голем технички проблем, кој е еден од клучните причини зошто се откажале до платформата.
„Платформата сега покажува само иницијали, тоа нѝ прави големи проблеми. Вие не можете да проверите вакцинален статус преку иницијали, мора да правиме проверки, што бара дополнително време“, вели Шостар.
Додава дека и идзивот преку платформата бил лош.
Министерот за здравство Вили Берош не одговара на прашања за потполниот распад на системот, иако Шостар упатува на одговори токму во Министерството за здравј.
Вчера беше откриен уште еден голем пропуст на платформата каде поради грешка веројатно исчезнале податоци за 4.000 граѓани кои први се пријавиле.
Имено, на прашање до Кризниот штаб за 69-годишен човек кој има хронични болести и меѓу првите се пријавил за вакцинација, а се уште не е повикан, на телефон му рекле дека сите од тестниот период поради грешка се избришани и дека нема ресурси сите да бидат известени.
Индиректно од Штабот одговирија дека на вакцинација се повикани само дел од пријавените во тестниот период.
На Cijepise работи фирмата „Куспис“ на Винко Којунџиќ, кој во слободно време ја фотографира и ја снима кампањата на Берош. За таа работа добил 600.000 куни, а целиот систем вреди 4,5 милиони куни. За дизајнот на платформата користен е темплејт од 49 долари.