Се распадна музичката група „Дупер“


Поп-групата „Дупер“ која направи бум уште со својот прв сингл „Не сум твој тип“, веројатно нема да продолжи да функционира во познатиот состав.

Во „Дупер“ членуваа МАртина Баракоска на тапани, Илчо Нечовски вокал и Борис Какуринов на гитара.

Од минатата година тие потпишаа договор со Авалон продукција и требаше да го издадат и својот прв албум.

Како што соопштија од продукцијата тие веќе го раскинале договорот со бендот.

„Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и’ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци“, соопшти Бобан Милошоски од Авалон продукција.