Се пукало при вооружениот грабеж на банката во Чаир

Од НЛБ Банка се огласија по грабежот кој се случи утринава во експозитура во Чаир.

– Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, се вели во соопштението на НЛБ.

Инаку, според првичните информации, вооружени лица утрово извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улицата „Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што одземенст е засега непозната сума пари. Имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Разбојниците физички се пресметале со вработен во обезбедувањето, при што повреден е Е.Е. 26 години, вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

loading...