Се проширува истрагата за „Рекет“, осомничени уште четворица


Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески најавува проширување на истрагата за случајот „Рекет“, еден ден поднесувањето на обвинението за еден дел од истрагата за оваа корупциска афера. Осомничени се пет лица, а постапка се води и против едно правно лице кои биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до невалдината на Боки 13.

Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање. Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека еден од осомничените е во притвор,тоа е најверојатно Боки 13, за едно лице се бара притвор, а за три лица мерки на претпазливост.