Се приближивме до бројката од 2.000 случаи на коронавирус (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид-19.

Фото: Б. Грданоски

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.

Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19.

Фото: Б. Грданоски

Словенија прва во Европа прогласи крај на епидемијата, а Црна Гора вчера стана прва европска држава без активен случај на корона вирус.

Фото: Б. Грданоски

„Корона вирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува сѐ додека има такви кои го игнорираат. Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно, мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките“, напиша денес министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

Фото: Б. Грданоски

На целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот.

Фото: Б. Грданоски

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски со своите фотографии од речиси цело Скопје го пренесува амбиентот од улиците на главниот град. Генерално правилата се почитуваат, барем на поголемите улици, иако има малку поголема раздвиженост. Полицијата контролира на повеќе пунктови низ градот. Некои улици се доградуваат или се бојадисува хоризонтална сигнализација.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски