Се преврте трактор, повредени малолетник и маж


Во соопштението од МВР се наведува дека на 09.10.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во с.Милетино, тетовско, трактор „имт 533“ со полуприколка, со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(66) од с.Блаце, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник С.Б.(36), двајцата од с.Блаце, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.