Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија, причинета материјална штета


(Фото: МИА)

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи – Велес.  

– Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – рекоа од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента и во 10:50 часот е нормализиран.