Се преврте автобус во Мексико, загинаа 11 лица, меѓу кои и три деца


Најмалку 11 лица, меѓу кои три деца загинаа денеска кога се преврте автобус во северниот дел од Мексико, соопштија локалните власти.

Како што пренесе „Ројтерс”, во автобусот имало околу 40 патници. Првичните информации говорат дека најверојатно возачот заспал зад воланот. Во автобусот имало уште заглавени тела, па можно е бројот на загинати да расте.