Се преврте автобус со војници во близина на Врање, најмалку 23 повредени


Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот и повредените војници се хоспитализирани, јавија српски медиуми.

Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.