Се претстави како Џорџ Клуни, па беше уапсен на Тајланд


Тајландската полиција соопшти дека денеска уапсила Италијанец осуден во Италија на затворска казна затоа што го користел името на славниот актер Џорџ Клуни за да намами луѓе да инвестираат во неговата непостоечка компанија за облека.

Отсекот на тајландската полиција за сузбивање криминал наведе дека Франческо Галдели (58) уапсен е во саботата во Патаја под сомнение дека незаконски престојува во земјата.

Исто така уапсена е Вања Гофи (45) осомничена е дека ѝ истекла визата. Тајландските власти наведуваат дека Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) издала потерниза за Галдели. Судот во Милано во 2010 година му досуди повеќе од осум години затвор откако е прогласен за виновен за употреба на името на актерот Џорџ Клуни за да ги измами инвеститорите.