Се прават подготовки за четврта трансплатација на срце


Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце.

– Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша Филипче.

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.