Се прават напори за спас на Преспанското Езеро


Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната мисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на Езерото, истакнувајќи ги климатските промени, користењето на водата за наводнување, како и подземните истекувања за најголеми закани.

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Ал

– Правиме максимални напори да го спасиме Преспанското Езеро, кое во изминатите години се соочува со значително намалување на нивото на водата, што претставува сериозна закана за неговиот еколошки систем. Климатските промени, користење на водата за наводнување, подземни истекувања се едни од најголемите закани со кои мора сите да се соочиме и да ги решиме. Овие проблеми не можат да чекаат и затоа потребни се итни и координирани акции. Токму затоа, оваа мисија на Рамсарската конвенција е од исклучителна важност, посочи Меџити.

Имплементацијата на ЕУ Зелената агенда на Западен Балкан, Меџити нагласи дека не е изолиран напор – таа бара регионална соработка и усогласување на политиките со Европската унија.

– Имплементацијата на ЕУ Зелената агенда на Западен Балкан не е изолиран напор – таа бара регионална соработка и усогласување со политиките на Европската унија. Берлинскиот процес и другите иницијативи обезбедуваат вредни рамки за соработка, споделување знаење и финансиска поддршка. Сигурен сум дека само со заедничка работа, владите, бизнисите и граѓанското општество можат да го забрзаат напредокот и да поттикнат овие значајни промени. Токму во таа насока е оваа Рамсарска советодавна мисија која е независен технички советодавен механизам на Рамсарската конвенција, за преку секоја потписничка страна на конвенцијата може да побара стручен совет како соодветно да се справи и да управува со одредено рамсарско подрачје, посочи Меџити.

Претставникот на Рамсарската конвенција, Флоре Лафаје, рече дека е задоволна што има можност да престојува во Северна Македонија и изрази задоволство што Министерството за животна средина покажува зголемената загриженост и што спроведува бројни активности за заштита на животната средина. 

„Сакам да изразам задоволство што владите на Северна Македонија, Албанија и Грција остваруваат исклучително добра соработка околу Преспанското Езеро, кое со својата биолошка разновидност важи за бисер на природата, и би сакала да продолжи овој тренд, и со зголемен придонес на ЕУ, УНДП и ГЕФ, во соработка со трите влади, да го решиме овој проблем“, изјави Лафаје.

Министерството за животна средина на Северна Македонија од Секретаријатот на Рамсарската конвенција побара посета на Советодавната мисија, а кон ова барање подоцна се приклучија и Албанија и Грција, претставени на средбата од претставничката од Албанија, Јула Селмани, раководител на секторот за испорака на проекти од Националната агенција на заштитени подрачја и од Грција, Лито Ппадопуло и Виви Румелиту. 

Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици или позната како Рамсарска конвенција по името на градот Рамсар, во Иран, каде е усвоена е меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта) со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност.