Сè повеќе мртви китови на бреговите на САД


Мртви сиви китови продолжуваат да се појавуваат по должината на западниот брег на Северна Америка, од Алјаска до Мексико, и тие предизвикаа голема загриженост меѓу морските биолози. Климатската криза се смета за главна причина за овие умирања на овој тип животни. Во текот на викендот од 4 јули на Алјаска беа откриени седум мртви китови, четири во близина на островот Кодиак, два во Егегик и еден на островот Такли. Овие наоди го зголемуваат бројот на загинатите сиви китови во Алјаска до вкупно 22 оваа година.

Според Законот за заштита на морските цицачи, невообичаена смрт се дефинира како „неочекувано значително умирање на која било популација морски цицачи“ и тоа бара итен одговор.

„Ние веќе го надминавме бројот на смртни случаи на сивиот кит од 1999 година вдолж западниот брег на САД, вклучувајќи ја Алјаска“, пишува Џули Спигл, службеник за односи со јавноста на администрацијата. „Во 1999 година имало на 90 загинати сиви китови (вклучувајќи и 12 на Алјаска). Досега само на западниот брег на САД (вклучувајќи 22 на Алјаска) бројот на загинати сиви китови е 96. Само времето ќе покаже дали ќе ги стигнеме бројките од 2000 година, кога загинаа вкупно 131 од китовите, вклучувајќи 45 во Алјаска“, додаде тој.

Сивите китови мигрираат во лето од топлите лагуни во близина на Мексико по храна на подрачја во Арктикот. Тие обично јадат до 1,3 тон храна дневно. Многу сиви китови беа прогласени за прегладнети, што ги навело научниците да веруваат дека не јадат доволно.

„Научниците сметаат дека може да има нарушување на нивните извори на храна поради недостатокот на морска мраз во Арктикот минатото лето“, вели Спигл. „Сивите китови се хранат во текот на летото со морски животни, главно амфиподи од дното на океанот. Но, кога морскиот мраз се топи и се повлекува (како што беше минатото лето), има нарушување во синџирот за храна што резултира со помалку амфиподи што ги јадат сивите китови“, вели Спигл.