Се поставува атмосферска канализација на „Волгоградска“


Општина Карпош започна со реализација на градени активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во населбата Карпош 4.

Предвидено е поставување на атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата.

Активностите се реализираат со средства обезбедени во Буџетот на Општина Карпош, во рамки на инвестициите насочени кон подобрување и модернизација на комуналната инфраструктура.