Се помлади пациенти умираат од Ковид-19, денеска 34-годишен


Во ГОБ „8 Септември“ сега има хоспитализирани 22 лица (Фото: Б. Грданоски)

Во болницата „8 Септември“ починал пациент на возраст од 34 години и уште еден на возраст од 45 години, според билтенот на Министерството за здравство.

Вчера почина пацинет на возраст од 35 години, исто така во „8 Септември“. Според статистиката може да се заклучи дека се помлади пацинети не ја добиваат битката со Ковид-19.

Инаку, денеска починаа осум лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем.

Во Клиничката болница Тетово почина пациент на 78 години.