Се појавија фотографии од венчавката на Надал


Рафаел Надал и Марија Франциска Перељко ја крунисаа 14-годишната врска со брак, а за венчавката не престанува да се зборува. Сите детали беа држени во максимална тајност, а дури беше поставен специјален шатор за да се оневозможи снимање од воздух.

Сега конечно светот доби можност да види како изгледаа младенците. Нивните фотографи се појавија на социјалните мрежи, а венчаницата на Марија ги воодушеви модните кругови. Имено, госпоѓа Надал, не е типична жена на спортист, не се експонира на социјалните мрежи, живее скромно и не носи скапоцена гардероба.

Меѓу гостите беа поранешниот крал на Шпанија Хуан карлос и неговата сопруга Софија, а од светот на тенисот: Фелисијано Лопез, Марк Лопез, Хауме Мунар, Давид Ферер, Алберт Коста, Карлос Моја и други.

Двојката нема да оди на свадбено патување бидејќи Рафа планира да игра на Мастерс во Парис.

Сепак, колку и да се трудеа да ги сокријат деталите, фотографии од нив се појавија во јавност.