Се подготвува летна револуција во Барса


Барселона се подготвува за масовна распродажба на играчи во летниот трансфер прозорец, вели „АС“. Според изданието, од „Камп Ноу“ ќе си заминат околу десетина играчи.

– Каталонците се подготвени ова лето да се разделат со 10 фудбалери. На списокот присуствуваат дури имиња како Семјуел Умтити, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо. Раководството на клубот е разочарано од играта на Кутињо, кој има договор до летото 2023 година, пишува „AС“.

Се вели уште дека Кевин-Принс Боатенг ќе се врати во Сасуоло, а Џејсон Муриљо – во Валенсија. Јаспер Силесен, Томас Вермален и Рафиња Алкантара исто така ќе бидат продадени при првата можност, бидејќи речиси не играат за Барселона.

Оваа сезона Каталонците ја освоија титулата во Шпанија и се наоѓаат во финалето на Купот на Шпанија. Раководството сепак е разочарано од елиминацијата од Лигата на Шампионите, откако беа на чекор од финалето.