Се ожени фудбалерот Месут Озил, Ердоган му беше кум


Турција- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше кум на свадбата на поранешниот германски репрезентативец Месут Озил, што се одржа во луксузен хотел во Истанбул. Триесетгодишниот Озил, кој има турски корени, се ожени со поранешната Мис на Турција, Амине Гулсе, по две  години врска.

Озил предизвика контроверзи минатата година кога беше фотогарфиран со Ердоган, актуелизирајќи го прашањето за лојалноста на фудбалерот кон Германија после катастрофата што ја претрпеа на Светското првенство во фудбал.

Насмеаниот Ердоган и неговата сопруга Емине стоеле покрај брачната двојка за време на церемонијата.

Озил и неговата сопруга, по завршувањето на церемонијата минале покрај парада од тапани.

Месут и сопругата покажале извонредни танчерски способности додека минувале покрај музичарите, што било дел од свадбената свеченост.

Бившиот фудбалер на Арсенал бил категоричен кога во поканите ги замолил гостите да не донесуваат свадбени подароци, како што е обичај, туку Озил оваа можност ја искористил за повозвишена цел.

Обраќајќи се преку социјалните медиуми, Озил ги замолил своите гости на свадбата да им се придружат него и на Гулсе во донирањето пари за хумани цели.