Се ожени братот на Били Ајлиш кој е заслужен за нејзината слава


Лос Анџелес – Братот на Били Ајлиш, музичарот Финеас О’Конел (29) и неговата долгогодишна девојка – глумицата Клаудија Сулевски, се венчаа  викендов. Брачниот пар си ги разменија заветите на имотот „Сан Исидро ранч“ во Санта Барбара, Калифорнија, САД, објави „Пејџ сикс“ (Page Six).

Според фотографиите објавени на Фејсбук-страницата „Думуа“ (Deuxmoi), свадбената свеченост на отворено ја води самата Били Ајлиш. Меѓу познатите гости биле Џастин и Хејли Бибер, Дакс Шепард, Кристен Бел, Нина Добрев, Џејсон Судејкис и Ема Чембрлен. Картер Грегори, Стејси Караниколау, Рејчел Сенот и момчето на Били Ајлиш – Нат Волф. Сулевски носела неколку фустани од Оскар де ла Рента за време на свечениот викенд.

На глумицата, позната по нејзината серија „Смалување“, според наводите, особено ѝ се допаднала луксузната венчаница со разголени рамена, тесен горен дел и спуштен струк, којашто таа ја избра за свадбата. Сулевски го комплетираше фустанот со детаљ налик шал околу вратот.

О’Конел и година постарата Сулевски се запознале во 2018 година преку апликација за запознавање. Во интервју за „Базфид селеб“ (BuzzFeed Celeb) во 2019 година, музичарот открил дека само неколку часа по нивната прва средба, ја напишал песната „Клаудија“ и веднаш ѝ ја испратил. Сулевски, која е и позната јутјуберка, била инспирација и за неговата песна од 2022 година – „Мона Лиза, Мона Лиза“, а се појавува и во видеоспотот.