Се опоравува сопругата на канадскиот премиер Трудо


Софи Трудо, сопругата на канадскиот премиер соопштила  дека се опоравува од корона вирусот.

На својот Фејсбук профил напишала – Се чувствувам многу подобро. Од дното на моето срце сакам да им се заблагодарам на сите што ми ги испратија своите најдобри желби.

Присуството на вирусот кај неа беше потврдено на 12 март, непосредно по врќањето од Лондон. Премиерот на Канада и неговото семејство оттогаш се во донашба изолација дома, но Трудо и нивните три деца не покажале никакви симптоми.

Канада има 5.616 потврдени случаи заболени со корона вирусот и 61 жртва како последица од него. Околу 445 луѓе се оздравени од СОВИД-19.